Полицијата уапси маж за „калашников“, се испостави дека е бонг за марихуана

Од:

Австралиската полиција уапси маж кој носел нешто многу слично на автоматска пушка АК-47, односно „калашников“, но се покажа дека станува збор за бонг кој се користи за пушење марихуана.

Полицајците брзо дејствувале по неколку повици од Сиднеј, а биле поддржани од хеликоптер.

Полицијата набрзо пронашла паркиран автомобил, како и наводен пиштол, но се покажало дека станува збор за бонг, јавува Би-би-си.

За овој случај е уапсен 50-годишен маж.

„Полицијата го пребарала автомобилот и пронашла имитација на автоматска пушка АК-47. Полицајците со помош на хеликоптер пронашле и маж кој бил во близина“, соопштија властите.

Уапсениот останува во притвор во очекување на судското рочиште закажано за април.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он