Полицијата ширум Русија апси демонстранти кои се противат на војната со Украина

Од:

Полицијата ширум Русија апси демонстранти кои на годишнината од рускиот напад го изразија своето противење на војната со антивоени слогани и метафорични гестови.

Најмалку осум лица се приведени во Екатеринбург, четвртиот по големина град во Русија, откако положиле цвеќе на споменикот на жртвите на политичката репресија, соопшти организацијата за правна помош ОВД-инфо.

Според оваа организација, две лица биле уапсени и во Санкт Петербург бидејќи положиле цвеќе на споменикот на украинскиот поет Тарас Шевченко.

Во Сибир, пет лица се уапсени во градот Барнаул, меѓу кои и маж кој на централниот плоштад носел плакат „Престани да молчиш“, објави локален портал.

Тој медиум објави и дека во градот Комсомолск на Амур била уапсена жена бидејќи држела транспарент: „Жал ни е, прости ни, ја уништивме сопствената земја“.

Русите протестираа низ Русија само во текот на првата недела од војната во Украина, а тие големи протестни собири набрзо згаснаа бидејќи илјадници луѓе беа уапсени. Сепак, има индивидуални изрази на несогласување со војната и индивидуални апсења до ден-денес.

Би можело да ве интересира

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск