Полицијата се судри со демонстранти во Сао Паоло

Од:

Полицијата во Сао Паоло денеска со солзавец, шок бомби и гумени куршуми ги растера демонстрантите кои протестираа против Светското фудбалско првенство.

Вечерва во Сао Паоло ќе се одигра натпреварот меѓу Бразил и Хрватска, со кој официјално започнува Мундијалот.

Десетици демонстранти се собраа во близина на една метро станицата носејќи црвени транспаренти на кои пишуваше „Ако немаме никакви права, тогаш нема да има ниту Мундијал“.

Тие се упатиле кон „Коринтијанс Арената“, стадионот на кој ќе биде одигран вечерашниот натпревар, но полицијата со употреба на сила го спречи маршот. При инцидентот е приведен еден демонстрант.

Светското првенство во фудбал ќе се одржи во 12 градови во Бразил и ќе трае до 13 јули.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск