Власта во мексиканското одморалиште Канкун вчера соопштија дека се обидуваат да идентификуваат осум тела фрлени во областа. Главниот државен обвинител Оскар Монтес де Ока им се обрати на семејствата на исчезнатите лица и вети дека ќе продолжи со потрагата и идентификацијата.
Имено, полицијата за време на викендот вршеше потрага по исчезнатите и пребаруваше шуми и други зафрлени предели. Тие пронајдоа осум тела. Во Мексико повеќе од 112.000 луѓе се водат како исчезнати, а полицијата редовно организира потраги. Но, необично е што сега поминуваат време во Канкун, познато мексиканско одморалиште, пишува CBS News.
Наркокартелите често ги отстрануваат телата на жртвите во скриени и оддалечени области. Неколку картели се борат за превласт над брегот на Карибите и профитабилната трговија со дрога. Монтес де Ока рече дека пет тела биле пронајдени на напуштено градилиште. Телата беа фрлени таму пред една недела до два месеци. Меѓу нив, идентификувани се и три лица кои се пријавени како исчезнати.
Полицијата пронашла три распаднати тела кои се уште не се идентификувани во шумска област на периферијата на Канкун. Некој ги фрлил во областа на сиромашна населба, која е оддалечена околу 16 километри од плажата и хотелската зона.