Полицијата отвори оган врз демонстрантите во Мјанмар

Од:

Полициската акција во бродоградилиштето во вториот по големина град во Мјанмар денеска ескалира во насилство кога властите употребија гумени куршуми врз демонстрантите кои се собраа да ги спречат апсењата, објавија западните медиуми.

Повредени се пет лица, потврди фоторепортер кој се наоѓал на местото на инцидентот.

Во голем дел од земјата се одржуваат протести по соборувањето на премиерката Аунг Сан Су Чи во превратот од 1 февруари, кога стотици илјади демонстранти излегоа на улиците да протестираат против хунтата.

Властите уапсија стотици луѓе по државниот удар, многу од нив државни службеници, кои ја бојкотираа работата како дел од кампањата за граѓанска непослушност.

Стотици полицајци пристигнаа денеска во бродоградилиштето Јаданарбон во Мандалај, на реката Иравади. Нивното присуство предизвика страв кај жителите во областа дека властите ќе се обидат да ги уапсат работниците поради нивно учество во движењето против пучот.

Удирајќи тенџериња и тави, што прерасна во гест на непослушност, демонстрантите почнаа да викаат полицијата да замине. Но, полицијата отвори оган со гумени куршуми, разбивајќи ги демонстрантите и повредувајќи најмалку пет лица. Една жена се здобила со повреда во главата и веднаш и била укажана прва помош.

– Пукањето сè уште трае. Некои луѓе се повредени, изјави претседателот на градската служба за спасување.

Некои странски новинари тврдат дека се слушнале истрели од огнено оружје.

Од почетокот на националните протести пред две недели, властите во некои градови употребија солзавец, водени топови и гумени куршуми против демонстрантите.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска