Полицијата oд Лондон извести: Веруваме дека го пронајдовме телото на напаѓачот од Лондон

Од:

Полицијата од Лондон извести дека најверојатно е пронајдено телото на Абдул Езеди, осомничениот за хемискиот напад во Лондон. Екипите на поморската полиција ја пребаруваа реката Темза во Лондон по Езеди, кој е обвинет дека фрлил киселина кон својата поранешна партнерка, при што повредил вкупно 12 лица.

Полицијата соопшти дека екипажот на бродот пријавил дека видел тело во вода вчера околу 16 часот по локално време. Припадниците на поморската полиција го извлекле телото на брегот, пишува Sky News. Полицијата претходно соопшти дека верува дека Езеди завршил во вода само неколку часа по нападот на 31 јануари.

„Врз основа на препознатливата облека што ја носел за време на нападот и предметите пронајдени на неговото тело, ние силно веруваме дека го пронајдовме телото на Езеди. Во контакт сме со неговото семејство за да ја пренесеме веста“, истакна полицискиот наредник Џон Савел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино