Полицијата врши проверка на зградата на британскиот Парламент, поради сомнителен пакет кој што бил откриен таму, соопштуваат полициски извори.
Во официјалното соопштение не се посочени причините, а се додава дека со дополнителни информации ќе излезат во текот на денот.
И покрај полициската акција, сепак реонот околу Парламентот не е затворен за сообраќај и движење.