Полицијата на Белорусија упадна денеска во канцеларијата на организацијата за човекови права „Весна“ во Минск, неколку часа пред обидот на опозициските активисти да покренат масовен протестен марш и при тоа уапси 30 лица.
Властите ги забранија демонстрациите планирани за денеска попладене и десетици полициски камиони беа распоредеи во центарот на Минск.
– Полицијата денеска околу пладне упадна во канцеларијата за човекови права „Весна“ и приведе 30 лица, изјави Олег Гулак пред организацијата на Белорускиот хелсиншки комитет.
Познатиот белоруски опозиционер Владимир Неклјаев е уапсен, изјави неговата сопруга, Олга Неклјаева. Според неа тој се враќал од Полска во Минск, но на граница бил симнат од возот и задржан во пртивор во северозападниот град Брест. Предвидено било тој да говори денеска на митинг, организиран од опозицијата во Минск.
Околи десет новинари, кои планирале да известуваат од протестот се уапсени, јави белорускиот портал TUT.BY, јави ТАСС.
Според порталот уапсени се двајца новинари на Би-Би-Си, дописникот на рускиот весник „Космомолскаја правда“, белоруски новинари од весникот „Наша нива“, од агенцијата Белопан и други.
Министерството за внатрешни работи на Белорусија потврди во меѓувреме дека учесниците во протестот во Минск се приведени и одведени во полициска станиза заради сослушување. Портпаролот на МВР Константин Шалкевич не прецизира за колку лица станува збор.
Протестите насловени како „Ден на слободата“ се организирани денеска во повцеќе белоруски градови.
Околу 700 лица се обидоа денеска да одржат протестен марш по главната улица, но беа спречени од полициски кордон од единицата за борба со нереди, вооружени со палки и штитови. Потоа почнаа апсењата.
Во Белорусија изминатите два месеца се случи невообичаено силен бран протести против претседателот Александар Лукашенко, кој стапи на должност во 1994 година. Откако го дозволија првиот бран, властите ги задушија протестите.
Илјадници лица се собираа во различни градови во земјата со барање за оставка на претседателот, осудувајќи го данокот што го воведе за лицата, кои работеле под шест месеци во годината. Протестите се разгореа во услови на економската криза во Белорусија.
Лукашенко оваа недела изјави дека „петтата колона“ бунтовници, кои се поддржани од странство се обидуваат да го соборат од власт.