Полицијата го бараше, а тој си спиеше под својата фотелја

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Британското семејство Лореи ја крена на нозе полицијата во Свензиј, поточно во Велс, кога пријавија исчезнување на нивниот петгодишен син Џенсон.

Полиција, кучиња и хеликоптери беа ангажирани во потрагата по малото момче, чие исчезнување преплашените родители го пријавиле во понеделникот наутро.

Два часа по пријавувањето постарата сестра Сијена го пронашла момчето, како спие под детска фотелја.

Мајката на момчето вели дека била преплашена, на нејзиниот син да не му се случило нешто лошо.

 -Ја вознемиривме полицијата, која дури и со хеликоптери го бараше нашиот син. Го пронајдовме како мирно спие под фотелјата, во својата соба. Бевме пресреќни – изјави мајката.

Таткото, Ендру рече дека 12 полицајци биле вклучени во акцијата.

-Полицијата ја пребара целата куќа, дури и соседите се приклучија во потрагата- изјави тој.

Полицаецот кој ја водеше акцијата, Фил Томас нагласи дека му е драго што Џенсон е жив и здрав.

-Ова само покажува колку е цврсто семејството, кога ќе дојде во вакви потресни ситуации -нагласи полицаецот.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот