Полански ја тужи Американската Академија за филмски уметности и науки

Од:

Француско-полскиот режисер Роман Полански поднесе тужба против Академијата која ги доделува престижните Оскари затоа што бил исклучен од институцијата пред една година во екот на движењето #И Јас (Me Too).

Американската Академија за филмски уметности и науки на 3 мај 2018 година соопшти дека Полански и Била Козби ги исклучува од членството затоа што двајцата беа обвинети за сексуални злоставувања.

Академија тогаш ја образложи својата одлука со тоа дека сака нов кодекс за однесување после избувнувањето на сексуалниот скандал со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.

Адвокатите на Полански изјавија дека режисерот во саботата поднел тужба во која се наведува дека пред одлуката која му била испратена по пошта со назнака дека веднаш стапува во сила, требало да претходи „разумно објаснување“ за таква мерка и на режисерот да му се даде шанса да изнесе свој став за тоа.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху