Пол Рајан го известил Трамп дека нема доволно гласови за промена на Обамакер

Од:

Претседателот на американскиот конгрес, Пол Рајан го известил претседателот Доналд Трамп дека најверојатно нема да обезбедат доволно гласови за да го усвојат законот за замена на Обамакер.

Во брифингот за новинарите, портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер изјави дека Рајан дошол кај претседателот за да го извести за состојбата за предлог законот.

Спајсер изјави дека гласањето е предвидено за 15.30 часот (20.30 часот по средноевропско време), а како што извести Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори од Републиканската партија, предлогот нема доволно гласови во долниот дом.

Новиот закон за здравствено осигурување, кој што го поддржува актуелниот претседател Доналд Трамп, треба да донесе промени во досегашниот закон. Иако републиканците имаат мнозинство во конгресот, сепак дел од конгресмените се противат на овој закон, за кој викаат дека е ист како Обамакер, само со нова маска.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран