Аргентинската претседателка Кристина Кирхнер денеска и формално е обвинета дека ги штитела иранските официјални претставници од кривично гонење за бомбашките напади врз Еврејскиот центар во Буенос Аирес во 1994 година, соопшти обвинителството.
Оваа одлука на аргентинското Обвинителство претставува продолжение на случајот во кој Кирхнер беше гонета од обвинителот Алберто Нисман, кој почина минатиот месец под мистериозни околности, пред аргентинскиот Конгрес да ги сослуша неговите обвинувања, потсетуваат француските медиуми.
Во текот на кривичната истрага, на четири дена пред смртта, Нисман ја обвини претседателката Кирхнер и други високи аргентински официјални претставници дека склучиле спогодба со Иран да ги заштитат иранските официјални претставници поврзани со нападот од 1994 година во замена за вносни трговски договори.