Појасите, што ги носеа петтемина ликвидирани терористи во Камбрилс, биле лажни, изјави каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон за локалното радио.
Веста е потврдена од експерти за деминирање експлозиви.
Синоќа пет лица со автомобил ауди прегазија луѓе во летувалиштето Камбрилс во обид да го повторат нападот од Барселона од вчера попладне.
Полицијата ги ликвидира терористите. Во нападот во Камбрилс беа повредени петмина граѓани и еден полицаец.