Погребот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицијата минатата недела, ќе се оддржи на 9 јуни во Хјустон, во сојузната држава Тексас, соопштија адвокатите на семејството, пренесе ДПА.
Флојд (46) поголем дел од својот животот го минал во Хјустон. Подоцна се преселил во Минеаполис, каде и беше убиен, и каде во четврток ќе се одржи помен.
Помен, исто така, во сабота ќе се оддржи и во Северна Каролина, каде тој бил роден, додава ДПА.
Ноќта прд погребот во Teксас ќе има бдеење.