Високиот командант на иранската Револуционерна гарда, генерал Хасан Шатери, беше погребан денеска во Техеран, во присуство на голем број високи ирански официјални лица и верски лидери.
Шатери беше убиен пред два дена на патот од Сирија кон Либан. Тој беше одговорен за реализација на повеќе проекти за реконструкција на јужен Либан.
Детали за убиството на Шатери и понатаму остануваат нејасни, иако иранските власти тврдат дека е убиен на сириска територија. Портпаролот на иранската револуционерна гарда, Рамазан Шариф, за убиството ги обвини израелските сили.
Израелската армија за сега не го коментираше обвинувањето.
Иран е близок сојузник на Сирија и на екстремистичката група Хезболах, која има важна улога во Либан. Техеран обезбедува политичка и воена поддршка и за Сирија и за Хезболах.