Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска се обрати во парламентот на таа земја по повод годишнината од почетокот на инвазијата на Украина. Неговата презентација привлече големо внимание и кај руската и кај светската јавност.
На говорот присуствуваше врвот на политичкиот и јавниот живот во Русија, а камерите ги снимија лицата на луѓето на Путин додека го одржуваше говорот.
Најмногу внимание му посветија на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој според корисниците на социјалните мрежи изгледал „како повеќе да не му останало ни трошка живот во него“.
Видно разочаран, но и нервозен беше и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. Зад Медведев седеше намуртениот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Ниту останатите не реагираа подобро на овој „историски говор“, за што сведочат фотографиите.