Подољак: Експлозијата на мостот на Крим е резултат на борбата меѓу руските структури на моќ

Од:

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак денеска изјави дека експлозијата и пожарот на Кримскиот мост се „конкретен израз на конфликтот меѓу руската Федерална служба за безбедност (ФСС) и приватните воени компании, од една страна и Министерството за одбрана и Генералштабот на Русија, од друга страна“.

Според него, „сведоци сме на почеток на големи негативни процеси во Русија“. „Управливоста на безбедносните сили нагло опадна, почнаа големи конфликти меѓу руските специјални служби. Сите ги бараат одговорните за воените порази и сакаат да ја реформираат најблиската околина на Путин и да заземат други позиции. Или да бидат уапсени тие или оние генерали“, вели Подољак.

Според советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, најверојатно камионот што експлодирал се качил на мостот од руска страна, „така што одговорите треба да се бараат во Русија“.

Тој смета дека „логистиката на експлозијата, синхронизацијата со конвојот со гориво и обемот на уништениот коловоз јасно укажуваат на руска патека“.

„Руската армија ги бара одговорните за поразите на фронтот и ФСС и с опствениците на приватни воени компании водат кампања за разрешување на военото раководство – министерот (Сергеј) Шојгу и началникот на Генералштабот (Валери) Герасимов“, изјави Михајло Подољак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Подољак за разрешувањата: Зеленски одговори на клучните барања на јавноста

А1он

Подољак: Посетата на Зеленски на САД ќе ги побие руските тврдења дека нашите односи со Американците се заладени

А1он

Подољак: Додека некои ги бројат головите на Мундијалот, ние броиме колку ракети пресретнавме

А1он

Подољак: Европските држави да го „затворат небото“ над Украина

А1он

Подољак: Русија е виновна за сите ракетни инциденти

А1он

Подољак го обвини Лавров дека го попречува постигнувањето мир во Украина

А1он