Подољак: Европските држави да го „затворат небото“ над Украина

Од:

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска ги повика европските земји да го „затворат небото“ над Украина.

Ваквото барање од Украина доаѓа еден ден откако ракета падна во Полска, во близина на границата со Украина, а инцидентот загинаа две лица.

Подољак на Твитер напиша и дека „само Русија е одговорна за војната во Украина и масовните ракетни напади“ и дека „само Русија стои зад брзо растечките ризици за пограничните земји“.

„Нема потреба да барате изговори и да ги одложувате клучните одлуки. Време е Европа да го затвори небото и за сопствената безбедност“, напиша тој.

Од февруари, кога Русија ја почна својата инвазија врз Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски го повикува НАТО да воведе зона на забранети летови над Украина. Западните лидери ја отфрлија идејата поради загриженост дека тоа ќе предизвика поширока војна во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ