Поднесено е барање за гласање недоверба на француската влада

Од:

Пратеничките групи на левите и крајно десничарските партии во францускиот парламент поднесоа предлог за гласање недоверба на владата.

Ова се случи откако премиерот Мишел Барние одлучи да го искористи членот 49.3 од францускиот Устав за да го спроведе усвојувањето на буџетските мерки без гласање.

Барањето за смена на владата ќе се гласа во среда, а доколку биде усвоено, Барние ќе биде принуден да поднесе оставка по само два и пол месеци на чело на владата, објави Гардијан.

Барањето за гласање доверба на владата го поднесе Новиот народен фронт (НФП), левичарска коалиција во која се социјалистите, Зелените, крајната левица и Комунистичката партија.

Марин Ле Пен, пратеничка и лидер на екстремно десничарското Национално собрание (РН), денеска го зголеми притисокот врз владата со најава дека и нејзината партија поднесува барање за недоверба.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција