Десетици поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп се собраа на дел од границата меѓу САД и Мексико во Ново Мексико за да формираат жив ѕид во знак на поддршка на претседателот и неговиот проект за пограничен ѕид, пренесува „Спутник“.
Поддржувачите со препознатлиците капи MAGA на Трамп, се фатија за раце и мавтаа со американски знамиња и рачно изработени знаци, повикувајќи на изградба на ѕидот и на остри мерки против нелегалната миграција, трговијата со луѓе, шверцот со дрога и повторното влегување на депортираните криминалци.
This is what your family did over the weekend. Made the worst human wall since red rover in first grade. Congrats pic.twitter.com/tKGrR2iX8W
— iPun (@omgShutUpDon) February 11, 2019
Протестите се одржаа во Санленд Парк, Њу Мексико, каде што има дупка во сегашната физичка бариера помеѓу САД и Мексико. Ова место, исто така, се граничи со Ел Пасо, Тексас, каде што Трамп в понеделник ќе го одржи својот прв предизборен митинг за изборниот циклус во 2020 година.
Ваквата постапка доаѓа како реакција на твит на Трамп во кој се опишува огромен број луѓе кои доаѓаат од латиноамериканските земји преку Мексико за да ја преплават јужната граница на САД.
„Испративме дополнителна војска. Ќе изградиме и човечки ѕид ако е потребно. Но, ако имаме вистински ѕид, тоа нема да бид потребно”, напиша Трамп на Твитер на 5 февруари.