Почнуваат разговорите за формирање преодна влада на Египет

Од:

Властите во Египет денеска почнуваат разговори за формирање преодна влада до одржувањето на парламентарните избори, додека неколку илјади приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси повторно побараа негово враќање на власт.

По несогласувањата меѓу новите египетски лидери кој би требало да управува со земјата до организирањето на изборите следната година, за премиер е назначен истакнатиот економист со либерална ориентација Хазем ел Беблави, додека вицепремиерското место му припадна на продемократскиот лидер Мохамед ЕлБарадеј.

Беблави потврди дека денеска ќе започнат разговорите за формирање влада, а првите средби ќе ги одржи со лидерите на либералната опозиција – ЕлБарадеј и Зијад Бах-Елдин.

Тој оцени дека е свесен оти ќе биде тешко да ја добие поддршката од сите Египќани за формирање на новиот кабинет.

– Секако дека го почитуваме мислењето на јавноста и се обидуваме да ги исполниме очекувањата на луѓето, но секогаш постои можност за избор, секогаш постои повеќе од една опција и не може да се задоволат сите луѓе, нагласи Беблави.

Неименувани извори во Каиро велат дека новиот премиер на членовите на „Муслиманско братство“ планира да им понуди министерски места во новата влада.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина