Почнува светиот муслимански месец рамазан

Од:

Вечерва со заоѓање на сонцето за сите муслимани почнува светиот месец на постот рамазан, а сите активности поврзани со празникот ќе бидат прилагодени на актуелната ситуација и мерки преземени за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Рамазан е месец на задолжителен пост за сите полнолетни, здрави муслимани, кои не се на пат, болни, родилки или бремени жени и деца.

Постот подразбира воздржување од храна и пиење, но и лоши мисли и дела од изгрејсонце до зајдисонце.

Месецот рамазан е деветти месец од исламскиот календар што некогаш има 29, а некогаш 30 дена.

Муслиманите постат во сите годишни времиња според лунарниот календар. Годината на муслиманскиот календар е пократка за десет дена од сончевата година, така што рамазан секоја година се менува за десет дена.

Оваа година рамазан има 30 дена.

Постот за рамазан е најголемата верска обврска и еден вид  издржливост, сила на волја и верба.

Постот е исто така можност да се покаже солидарност со оние кои се жедни и гладни поради сиромаштија, не по своја волја.

Се смета дека со постот телото се прочистува од штетни работи.

По завршување на месецот рамазан, следува тридневен празник Рамазан бајрам.

Би можело да ве интересира

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Ана Ололовска

ВИДЕО: Започна чествувањето на Рамазан во Мека, во затворен простор се примаат само вакцинираните и имуните верници

Жарко Настоски

Почнува рамазанскиот пост

Ана Ололовска

Џамиите во Косово ќе се отворат откако ќе се олеснат мерките за заштита од Ковид-19

А1он

За Рамазан во Гостивар ќе има бесплатен леб за секое сиромашно семејство

А1он

Почнува рамазанскиот пост

Ана Ололовска