Почнува процес против шефовите на компанијата оператор на јапонската атомска централа Фукушима

Од:

Токиски окружен суд почнува денеска со разгледување на дело против тројца шефови на компанијата оператор на атомската централа Фукушима по нуклеарната катастрофа во 2011 година.

Тоа е прво рочиште за дело против Тепко каде ќе се види дали од компанијата може да се бара одговорност.

Откако централата имаше големи оштетувања од земјотрес и цунами предивикано од него, радијацијата се прошири во околните општини.

Шест години по катастрофата процесот е против поранешниот шеф на управниот совет на Тепко, Цунехиса Куцамата (77) и двајца поранешни потпретседатели Сакае Муто (66) и Иширо Такеруко (71). Обвинителите претходно го затворија случајот, но подоцна тројцата се дадени на суд од граѓански иницијативен комитет.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови