Почнува нов судски процес против екс претседателот Египет, Морси

Од:

Новиот судски процес против поранешниот египетски претседател исламистот Мохамед Морси започнува во саботата пред кривичниот суд во Каиро, пред кој ќе биде изведени уште 25 припадници на неговото движење Муслиманско братство, политичари, и активисти од револуцијата во 2011 година кои се обвинети за навреда на египетските судии.

Според обвинителството, обвинетите биле вклучени во повеќе случаи на јавно навредување на претставниците на судските органи во земјата од говорницата на египетскиот парламент, во нивни телевизиски настапи и преку социјалните мрежи. Првиот избран на слободни избори египетски челник Мохамед Морси, е обвинет и за јавни обвинувања на судиите за корупција.

Ова е четврто судење во коешто е обвинет поранешниот претседател Морси кого армијата го отстрани од функцијата во летото 2013 година, откако не успеа да се договори со секуларните и либерални политички сили во земјата за да се спречат долгомесечните масовни протести на опозицијата којашто го обвини дека узурпирал овластувањата на судовите и дека го исламизирал уставот на Египет. Во друг процес за поттикнување на убиства на демонстранти во текот на протестите пред претседателската резиденција во декември 2012 година, Морси веќе отслужува 20-годишна затворска казна.

Во друг, пак, случај, во врска со шпионажа во полза на странски разузнавачки служби и помагање на масовно бегството од затвор, за што Морси може да вложи жалба до 2-ри јуни, веќе е осуден на смртна казна којашто е формално дадена на преоценување на Големиот муфтија на Каиро. Морси е обвинет и за уште еден случај на шпионажа во полза на Катар и за предавство, процес кој е во тек. Доколку судот го прогласи виновен, Морси и во овој случај се соочува со смртна казна.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина