Почнува Нобеловата седмица

Од:

Со објавување на добитникот на Нобеловата награда за физиологија или медицина, денеска во Стокхолм почнува т,н, „Нобеловата седмица“.

Добитникот или добитниците на Нобеловата награда за физика ќе бидат објавени на утре, за хемија в среда, за мир в петок, а за економија следниот понеделник на 12 октомври.

Се уште не е познат датумот на кој ќе биде соопштено името на овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за литература.

По желба на Алфред Нобел (1833-1896) наградите кои го носат неговото име се доделуваат за најважните достигнувања во сферата на физиката, хемијата, физиологијата или медицината, за забележителни достигнувања во литературата и за активности во интерес на светскиот мир.

Наградите се доделуваат од комисии на Шведската кралска академија за науките за достигнувања во областа на физика и хемија, од Каролинскиот медицинско-хируршки институт во Стокхолм за физиологија или медицина и од Шведската академија за литература во областа на литературата.

Петчлен комитет, избран од норвешкиот Парламент ја доделува наградата за мир. Во 1968 година е воведена и Нобеловата нагада за економски науки, финансирана од Шведската национална банка.

Првата Нобелова награда е врачена во Сен Тропе во 1901 година, пет години по смртта на Алфред Нобел. Церемониите во Стокхолм и Осло, на кои добитниците ги добиваат наградите традиционално се закажуваат на 10 декември, на годишнината од смртта на Нобел.

Секоја награда може да биде доделена на најмногу тројца номинирани. Таа се состои од златен медал, диплома и парична сума. Од 2012 година поради финансиската криза паричната награда е намалена за 20 отсто на осум милиони шведски круни или 855 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска