Во Египет почнува предизборната кампања за претседателските избори закажани за 26 и 27 мај.
Главен фаворит за изборите е поранешниот началник на Генералштабот, Абдел Фатах ел Сиси.
Единствен противник на Ел Сиси е лидерот на левичарската коалиција Народна струја, Хамдин Сабахи.
На изборите египќаните ќе бираат нов претседател 11 месеци по воениот преврат со кој од власт беше симнат Мохамед Морси.