Почнува доделувањето на Нобеловите награди

Од:

Со објавување на добитниците на Нобелова награда за физиологија и медицина денеска во Стокхолм почнува Нобеловата недела.

Добитникот или добитниците на Нобеловата награда за физика ќе бидат објавени утре, за хемија на 9 октомври, за мир на 11 октомври, а за економија на 14 октомври. Се уште не е познат датумот, на кој ќе биде соопштено името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за литература.

Согласно желбата на Алфред Нобел (1833-1896), наградите, кои го носат неговото име, се доделуваат за најважните откритија во областите на физиката, хемијата, физиологијата или медицината, за забележителни постигнувања во литературата и за дејности кои се во интерес на светскиот мир.

Наградите се доделуваат од комисии, кои ги составуваат – Шведската кралска академија на науки за физика и хемија, Каролиншкиот медицинско-хируршки институт од Стокхолм за физиологија и медицина, Шведската академија за литература за истоимената област. Одлука за добитникот на нобеловата награда за мир, пак, ја донесува петчлен комитет избран од норвешкиот Парламент.

Во 1968 година беше воспоставена и Нобеловата награда за економски науки, финансирана од Шведската национална банка.

Првата Нобелова награда е врачена во Сен Тропе во 1901 година, пет години по смртта на Нобел.

Церемониите во Стокхолм и Осло, на кои се доделуваат наградите, традиционално се одржуваат на 10 декември, годишнината од смртта на Нобел.

Секоја награда може да биде доделена најмногу на тројца кандидати и таа се состои од златен медал, диплома и парична сума.

Од минатата година поради финансиската криза паричната вредност на наградата е намалена за 20 проценти на осум милиони шведски круни (1,2 милиони американски долари).

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска