Во Иран почнаа претседателските избори, кои ќе го одредат наследникот на Махмуд Ахмадинеџад.
Над 50 милиони гласачи ќе избораат меѓу шестмина кандидати за претседателската функција. Сите тие се верни на врховниот водач ајатолахот Али Хаменеи, кој го има последниот збор за сите државни акции.
Како фаворити се истакнуваат двајца кандидати. Умерениот Хасан Рохан, чии шанси се зголемија, откако пред неколку дена од претседателската трка се повлече еден од прореформски настроените кандидати и градоначалникот на Техеран, конзервативецот Мохамед Бакер Калибаф.
Освен за претседател денес Иранците гласаат и за локални и регионални советници. Ако никој од кандидатите не освои над 50 проценти од гласовите, на 21 јуни ќе има втор круг.