Почна вонредниот самит на ЕУ за Белорусија

Од:

Вонредниот самит на Европската унија за кризата во Белорусија почна денеска напладне, напиша на Твитер портпаролот на Европскиот совет, Баренд Лејтс.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, свика итна видео-конференциска средба на лидерите на Европската унија за Белорусија, каде протестите траат веќе 11 дена од реизборот на претседателот Александар Лукашенко.

На самитот ќе се разговара за продолжување на санкциите против белоруските функционери, откако во петокот беше одобрено санкционирање по спорните претседателски избори.

Европските лидери вчера го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок врз Лукашенко, кому му е клучен сојузник, да влезе во дијалог со опозицијата. Во одделни телефонски разговори со Путин ова го побараа францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

На изборите на 9 август Лукашенко беше избран за претседател на Белорусија по шести пат, освојувајќи, како што покажуваат официјалните резултати, 80 проценти од гласовите, а кандидатката за опозиција Светлана Тихановска 10 проценти.

Веднаш по објавувањето на првите изборни резултати, започнаа масовни демонстрации низ целата земја, во кои граѓаните бараат заминување на Лукашенко, кој со земјата владее веќе 26 години.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина