Почна полнењето на ракетата на НАСА пред денешното лансирање

Од:

Екипи на НАСА почнаа со полнењето на ракетата чие лансирање е предвидено за денеска. Технолошки напредната ракета со капсулата „Орион“ без екипаж треба да ја обиколи месечината, во рамки на новата програма на НАСА наречена „Артемида“.

Ракетата „Спејс лаунч систем“ висока 98 метри е предвидено да биде лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал во 8:33 по локално односно во 14:33 по средноевропско време“.

Претставници на НАСА минатата недела посочија на можност од пролонгирање на денешното лансирање, доколку се појави проблем при полнењето на ракетата со гориво.

Како резервни датуми за одложено лансирање се посочени 2 и 5 септември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

ИДФ го нападна појасот Газа по ракетата, наводно, истрелана од енклавата

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета