Почина создавачот на пакистанската нуклеарна програма

Од:

Контроверзниот пакистански нуклеарен физичар Абдул Кадир Кан, заслужен за нуклеарниот арсенал на Пакистан и човек кој призна дека е дел од синџирот за ширење нуклеарно оружје, почина денеска на 85-годишна возраст.

Кан бил примен во пакистанска болница на 26 август по позитивен тест за Ковид-19, и подоцна бил префрлен во воената болница во Равалпинди. Кан беше во центарот на глобалниот скандал околу ширењето на нуклеарната технологија во 2004 година, што вклучува продажба на нуклеарни тајни на Северна Кореја, Иран и Либија.

Откако јавно ја призна својата вина на националната телевизија, Кан беше помилуван од тогашниот претседател на Пакистан, Первез Мушараф, но научникот со години остана во домашен притвор во Исламабад.

За време на интервјуто и исповедта на националната ТВ, Кан рече дека дејствувал сам, без знаење на државните службеници, сепак, подоцна го негираше тоа, велејќи дека бил „жртвуван“.

„Тој ни помогна да развиеме нуклеарно оружје за да ја одбраниме нашата нација и благодарните луѓе никогаш нема да го заборават неговиот придонес во тој поглед“, напиша пакистанскиот претседател Ариф на својот Твитер профил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица