Почина принцот Најеф, наследникот на престолот во Саудиска Арабија

Од:

Принцот – престолонаследник Најеф бин Абдул Азиз Ал Сауд почина денеска во болницата во Женева, објави државната телевизија на Саудиска Арабија, повикувајќи се на извори од кралскиот двор.

Тој од 1975 година беше министер за внатрешни работи на Саудиска Арабија.

78 годишниот Принц е полубрат на кралот Абдул, а за престолоналедник беше назначен во октомври кога почина неговиот постар брат и претходник во улогата, принцот Султан.

Неговата смрт сега значи дека 89-годишниот крал Абдула мора да номинира нов наследник по втор пат во девет месеци.

Најеф имаше репутација на тврд конзервативец кој им се спротивстави на реформите на кралот Абдула и разви сериозена безбедносна инфраструктура против Ал Каеда.

Тој, кралот Абдула и и најверојатно новиот наследник Салман се едни од 40 синовите на основачот на Саудиска Арабија, Абдула Ибн Сауд, кој го воспостави царство во 1935 година.

Молитвите за смртта на принцот Најеф се најавени за утре.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија