Почина потпретседател на руската нафтена компанија: „Паднал од прозорец“

Од:

Потпреседателот на Транснефт, рускиот државен монопол за транспорт на нафта, почина откако наводно паднал од прозорецот на својот стан во луксузното московско предградие Рубљовка, објавија денес државните медиуми. Транснефт потврди дека Андреј Бадалов починал на 62-годишна возраст, но не коментираше за околностите на неговата смрт.

Компанијата соопшти дека неговата работа била обележана со „тежок и стресен период“ поради западните санкции, објави „Москва тајмс“.

Телото на Бадалов е пронајдено под прозорецот на зграда на автопатот Рубљово-Успенское, објави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван полициски извор. „Според првичните информации, причината за смртта е самоубиство“, рече изворот, додавајќи дека е во тек прелиминарна истрага.

Бадалов беше задолжен за дигиталната трансформација на Транснефт од јули 2021 година, кога беше назначен за потпретседател.

Неговата смрт е најновата во низата нерешени смртни случаи на раководители од рускиот енергетски сектор откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година. Најмалку четири смртни случаи во 2022 година беа поврзани со државниот енергетски гигант „Газпром“, додека други вклучуваа раководители од „Новатек“ и „Лукоил“.

Би можело да ве интересира

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски