Поранешниот чилеански претседател Себастијан Пињера почина од задушување поради давење кога хеликоптерот со кој управувал се урна во езерото во јужниот дел на Чиле во вторникот, соопшти денеска локалното обвинителство.
Локалниот обвинител Татјана Ескивел изјави за новинарите дека причината за несреќата се уште не е утврдена, но дека форензичките податоци овозможуваат да се утврди веројатната причина и дека специјализиран тим во моментов го истражува местото на несреќата, пренесе Ројтерс.
Властите синоќа извршија обдукција на телото на Пињера.