Поранешниот претседател на Ирак Џалал Талабани почина во болница во Германија, јави државнатра ирачка телевизија.
Талабани во последните години неколку пати беше хоспитализиран откако во 2012 година преживеа мозочен удар.
Тој беше седмиот претседател на Ирак и втор по американската инвазија врз Ирак во 2003 година.
Талабани беше првиот ирачки претседател по националност Курд.