Поранешниот мистер за надворешни работи на Австрија, Алоис Мок почина на 82 години, соопшти неговата Австриска народна партија.
Тој стана познат по симболичкиот акт на „сечење“ на Железната завеса пред околу 30 години.
Мок, конзервативец и проевропски политичар, стана шеф на дипломатијата во 1989 година кога во дел Источна Европа се случуваа фундаментални политички промени. Во јуни истата година, Мок и неговиот унгарски колега Дјула Хорн ја пресекоа бодликавата жица која беше поставена меѓу двете земји.
Во 1995 година Мок договори и членство на Австрија во Европска унија.
– Во спомен на неговото дело и почитта кон неговите убедувања треба да го следиме неговиот модел и да ја направиме Европа посилна, додека ја поминуваме актуелната криза, изјави министерот за надворешни работи и новоизбран претседател на Австриска народна партија, Себастијан Курц.