Почина поранешниот австралиски премиер Гоф Витлем

Од:

На 98-годишна возраст почина поранешниот австралиски лабуристички премиер Гоф Витлем, кој во Австралија и во меѓународната заедница остана запаметен како политичар што успеа да ја трансформира земјата во 70-те години на минатиот век.

Актуелниот австралиски премиер Тони Абот му одаде големо признание на по малку заборавениот политичар, означувајќи го Витлем како „гигант на неговото време“. Во знак на почит кон неговата работа и постигнувањата за Австралија и нејзините државјани, владата во Канбера нареди сите знамиња на државните институции во земјата денеска да се постават на половина копје.

Гоф Витлем беше избран за премиер во 1972 година, откако пред тоа цели 23 години земјата беше управувана од австралиските конзервативци.

Како премиер, лабуристот Витлем остана на функцијата само три години, но за тоа време успеа да ја видоизмени Австралија и да остави траен печат во повеќе сектори на општественото живеење.

Тој и неговата влада првпат во оваа голема земја воведоа слободно образование на универзитетите, ја укинаа смртната казна и дозволија доселување во Австралија и на „небели“ имигранти.

Витлем е првиот австралиски премиер што ја посети комунистичка Кина и со властите во Пекинг воспостави целосни дипломатски односи. Денес, 40-тина години подоцна, Кина е најголемиот трговски партнер на Австралија.

Беше татко на четири деца и остана во брак со својата сопруга 70 години, се до нејзината смрт пред неколку години.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски