Почина најстариот маж на светот

Од:

Најстариот маж на светот, Јапонецот Сакари Момои почина на 112-годишна возраст, соопшти денеска претставник на градот Саитам, во кој живеел овој стогодишник.

Момбои починал во недела вечерта во дом за стари лица, од како му откажале бубрезите.

Овој поранешен професор во средно училиште, бил роден на 5 февруари 1903 година во Минамисом во реонот на Фукушима.

Тој беше прогласен за најстар маж во светот во 2014 година и во текот на церемонијата кој тогаш ја организираше Гинисовата книга на рекорди, изјави дека сака да живее уште две години.

Најстар маж во светот сега е Јапонецот, Јасутаро Коиде, кој исто така има 112 години, додека најстарата личност на светот е Американката, Сузана Мушат Џонс, родена на 6 јули 1899 година, која сега има 116 години.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови