Почина минувачот кој беше повреден во напад на египетскиот премиер

Од:

Случајниот минувач кој беше повреден во судирот помеѓу телохранителите на египетскиот премиер Хашим Кандил и група напаѓачи, им подлегна на повредите, соопшти извор од безбедносните сили.
Уличниот продавач, беше погоден со куршум во вратот во пукотницата помеѓу група вооружени мажи и телохранителите на премиерот.

Неговото обезбедување отвори оган врз камионот со пет мажи кој налета на конвојот на премиерот во моментот кога беа на мостот на Нил.

Официјално лице од безбедноста изјави дека осомничените тврдат дека не знаеле дека премиерот Кандил се наоѓа во конвојот и дека не пукале во неговиот автомобил.

Од друга страна Кандил најави реконструкција на владата, во која ќе бидат сменети 11 министри.

Опозицијата бараше влада на единство и смена на премиерот Кандил, меѓутоа според парцијалната листа на нови министри која е објавена од официјалната египетска државна агенција „Мена“, ќе бидат погодени Министерството за нафта, високо образование и земјоделство, а Кандил ќе остане на функцијата премиер.

Исто така и правосудството ќе добие нов министер со оглед натоа што Ахмед Меки поднесе оставка.

Претседателот Мохамед Морси минатиот месец вети реконструкција на владата, по повеќе месечните притисоци на опозицијата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет