Почина Михаил Горбачов

Од:

По долго боледување почина Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз. Горбачов ќе остане запаметен како претседател на СССР кој ја заврши Студената војна без крвопролевање, но не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз.

Информациите за смртта на Горбачов ја објавија руските државни медиуми РИА и ТАСС, повикувајќи се на болнички извори.

Поранешниот претседател на СССР годинава наполни 91 година.

Горбачов беше осмиот и последен лидер на Советскиот Сојуз и добитник на Нобеловата награда за мир во 1990 година. Од 1985 до 1991 година беше генерален секретар на Комунистичката партија на СССР, а од 1988 до 1991 година претседател на земјата .

Идеолошки гледано, на почетокот на својата политичка кариера, Горбачов беше наклонет кон марксизмот и ленинизмот, но до почетокот на 90-тите тој се сврте кон идејата за социјалдемократија.

Би можело да ве интересира

Погребан Михаил Горбачов

Ана Ололовска

ВИДЕО: Илјадници руски граѓани чекаат во ред да му одадат последна почит на Горбачов

Ана Ололовска

Без државни почести и високи гости денеска ќе биде погребан Михаил Горбачов

Ана Ололовска

Путин нема да присуствува на погребот на Горбачов поради „натрупан работен распоред“

А1он

Горбачов ќе биде погребан на 3 септември

Горбачов – едно од најважните лица од втората половина на дваесеттиот век

Ана Ололовска