Почина контраверзниот француски адвокат Жак Вержес

Од:

Еден од најпознатите и истовремено најконтраверзните француски адвокати, Жак Вержес почина на возраст од 88 години, јави дописникот на МИА од Париз.

Припадник на отпорот, потоа и борец за време на Втората светска војна, комунист, Жак Вержес стана познат во Франција како бранител на „ѓаволот“. Самиот знаеше да рече дека е адвокат на „изгубените случаи“, подготвен да го брани и најтешкиот злосторник, но под услов да изјави дека е „виновен“.

Вержес ги бранеше меѓу другите шефот на Црвените кмери Пол Пот, палестиниецот Вади Хадад, Анис Накаш кој се обиде да го убие поранешниот ирански премиер Шапур Бахтијар, терористот Илич Рамирез Санчез-Карлос, припадници на алжирскиот ФЛН, нацистот Клаус Барби, Лоран Гбаго и Слободан Милошевиќ.

Неговата техника на адвокат беше да ја скрши логиката на обвинението, привлекувајќи го вниманието врз незначајни или други настани.

Роден во Сиам пред 88 години, неговиот татко беше од Реунион, мајка му од Виетнам, своето детство го помина на островот Реунион во Индискиот Океан, каде заедно заврши гимназија со поранешниот француски премиер Рејмон Бар, од кој се покажа како подобар ученик.

Во отпорот влегува пред неговата 18 годишна возраст, член е на Комунистичката партија, исто како и неговиот брат Пол, кој беше лидер на комунистите на Реунион и поминува три години во Чехословачка.

По враќањето од Прага во 1955 полага заклетва за адвокат, за да исчезне во 1970 година цели десет години. Никој не знае каде исчезна и никогаш не кажа што правел во тој период на животот.

Својот живот го заврши во истата соба во Париз, каде се згасна и животот на францускиот филозоф Волтер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски