Почина еден од заложниците во банката во САД

Од:

Почина еден од двајцата заложници, кои беа повредени во банка во градот Сент Џозеф, Лујзијана од вооружен напаѓач, соопшти локалната полиција.

Киднаперот, 20-годишниот Фуаед Абдо Ахмед упадна вчера во банката „Тенсас“ и за заложници зема две жени и еден маж, а подоцна ослободи една жена. Тој во текот на преговорите со полицијата се закани дека ќе ги убие двајцата заложници, по што полицијата влезе во банката.

– Ахмед пукаше во заложниците, а потоа полицијата го уби, а двајцата заложници во критична состојба ги однесе во болница, изјави полицискиот полковник Мајк Едмонсон.

Тој не го објави идентитетот на починатиот.

Се претпоставува дека киднаперот бил вработен во супермаркет во градот. Мотивот за нападот се уште не е познат.

Во Сент Џозеф живеат 1.135 жители.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН