Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Од:

Единаесетмесечно бебе во Португалија почина откако чекаше шест часа да биде префрлено од една во друга болница. Бебето чекаше да биде префрлено од болницата Протимао во болницата Фаро, кои со автомобил се оддалечени една од друга околу 50 минути. Примарната дијагноза била дека бебето има бронхитис, а потоа било откриено дека има тешка инфекција на крвта, односно септикемија.

Според истрагата која е спроведена, страшната трагедија се случила поради недостиг на стручен кадар кој би обезбедил превоз. Поради ова, во целиот случај морало да се вклучи и хеликоптер, но реакцијата доцнела.

Во првите извештаи на лекарите, кои подоцна ги побија раководителите на болницата, е наведено дека детето почина откако шест часа чекаше да биде префрлено во друга болница.

Португалскиот дневен весник Correio da Manha објави дека лекарите првично барале трансфер во болницата Санта Круз во Лисабон, главната кардиолошка болница, пред да биде донесена одлука бебето да се пренесе со хеликоптер во болницата Фаро.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија