Почина американскиот студент ослободен од затвор во Северна Кореја

Од:

Американскиот студент Ото Вармбер, кој пред една недела беше ослободен од затвор во Северна Кореја, почина во болница во градот Синсинати во сојузната држава Охајо, каде требаше да се опоравува по 15 месеци поминати во затворски услови.

Во соопштението на неговото семејство се вели дека 22-годишниот Вармбер, кој од Пјонгјанг бил донесен во состојба на кома од која не се освестил, не слушал и не реагирал на никаква комуникација.

Во изјава за „Вашингтон Пост“ дадена уште пред враќањето на синот од Северна Кореја, неговиот татко изјави дека Ото бил во кома од пред една година, која настанала како последица на ретката болест ботулизам, која предизвикува парализирање на телото.

Тој нагласи дека ваквото објаснување му дале севернокорејските власти кога го известиле дека неговиот син ќе биде ослободен и префрлен во САД врз „хуманитарна основа“.

Американските лекари, меѓутоа, тврдат дека не се најдени траги од ботулизам во телото, како и дека скенирањето на главата на младиот Американец покажало дека нема ниту знаци од физичко малтретирање.

Лекарите во болницата во Синсинати веруваат дека состојбата која настанала и која на крајот ја предизвикала смрта на Вармбер е последица на недостиг на кислород и крв во мозокот.

Ото Вармбер престојувал како турист во Северна Кореја, како дел од една кинеска туристичка група. Во Пјонгјанг допатувал од Пекинг, но на 2 јануари 2016 година бил уапсен затоа што наводно „украл пропаганден плакат од хотелот каде престојувал“.

На судењето во Пјонгјанг, за тоа „кривично дело“ беше осуден на 15 години затвор. Во текот на издржувањето на казната доживеал тешко оштетување на мозокот, па на 13 јуни годинава беше префрлен од Северна Кореја во САД.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски