Почина американскиот космонаут Џон Глен

Од:

Поранешниот американски космонаут Џон Глен, првиот Американец кој ја заобиколи Земјата, почина во 95. година од животот.

Поранешниот воен пилот и американски сенатор, умрел во една болница во градот Колумбос, во сојузната држава Охајо, каде пред седум денови бил префрлен на лекување.

Не е соопштено која била причината Глен да биде префрлен на болничко лекување.

Тој ќе остане запаметен по неговата „историска“ обиколка на земјината топка, во 1962 година, во капсулата „Пријателство“, но и по големиот подвиг што го направи 36 години подоцна.

Во 1998 година, Глен на 77 годишна возраст, одново леташе кон вселената, како еден од членовите на екипажот на спејс-шатл програмата, со што стана најстариот човек во светот кој престојувал во вселенскиот простор.

По заминувањето од НАСА, Глен се префрли во американската политика и беше 25 години сенатор на Демократската партија.
Во 1984 година, учествуваше и во трката за номинација за тогашните претседателски избори во САД.

Џон Глен е роден 1921 година во Охајо.

Како воен пилот учествувал во Втората светска војна и во Корејската војна.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија