Почетните студови вo Полска ги зедоа првите осум жртви

Од:

Во текот на изминатиот викенд во Полска од премрзнување починаа осум лица, соопшти Министерството за внатрешни работи, цитирано од ТАСС.

– Независно што студовите уште не се толку силни, само во последните два дена од премрзнување во Полска починале осум лица, од кои петмина во саботата, посочи Mинистерството.

Полицијата ги повикува луѓето да не ги заобиколувата бездомниците на улица и да им посветат внимание на повозрасните, кои најчесто се жртви на ниските температури.

За испраќање брзи информации до соодветните служби отворени се специјални телефонски броеви.

На 29 и 30 ноември просечната температура во Полска беше околу минус пет степени, а во текот на ноќта таа се спушташе до минус 10 степени.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он