Еден Германец кришум излегол од болницата во Минхен за да отиде во една позната пивница во градот за со пиво да го прослави 94-тиот роденден, соопшти вшера германската полиција.
Старецот, кој уште ја имал интравенската игла забодена во левата рака, го забележал случаен минувач во метрото. Тој го однел помалку зашеметениот човек до управата на метрото која повикала полиција.
“После неколку повици, се покажало дека старецот избегал од една клиника во Минхен”, наведе полицијата, додавајќи дека избеганиот пациентот рекол дека тргнал во пивницата за да го прослави роденденот.
Полицијата соопшти дека старецот е вратен во болница, каде што лекарите му дозволиле да порача пиво по свој избор.