Победа на Бајден на примарните избори во Висконсин

Од:

Поранешниот потпретседател Џо Бајден победи на примарните демократски избори за номинација претседателски кандидат во Висконсин.

Според официјалните резултати, Бајден доби 63 проценти од гласовите, додека сенаторот Берни Сандерс освои речиси 32 отсто.

Сепак, победата е симбилична нема големо значење во трката за номинација.

Сандерс излезе од трката само еден ден по гласањето во Висконсин на 7 април. А вчера тој го поддржа Бајден како заеднички кандидат на Демократската партија кој ќе му се спротистави на актуелниот претседател Доналд Трамп на изборите на 3 ноември.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата