По Трамп, и Путин во посета на Кина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

Посетата ќе се одржи само неколку дена по престојот на американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг.

За време на посетата, Путин и Си ќе разговараат за билатералните односи меѓу Москва и Пекинг, како и за меѓународни прашања, а планирано е да потпишат заедничка изјава и неколку договори, објавија руските медиуми.

Како што е наведено, двајцата лидери ќе присуствуваат и на церемонијата на отворање на Годината на образованието на Русија и Кина за периодот 2026-2027 година.

Како што е најавено, Путин за време на престојот ќе се сретне и со премиерот на Државниот совет на Кина, Ли Чијанг.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев