Берлинската полиција денеска соопшти дека уапсила 93 лица во врска со антирасистичките протести што се одржаа вчера во градот, додавајќи дека повеќето од нив биле приведени откако завршиле протестите.
Најмалку 15.000 луѓе вчера се собраа во Берлин во знак на протест против смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициско апсење.
Полицијата соопшти дека за време на протестот биле повредени неколку полицајци, како и фотограф на весник, кога луѓето кои останале на плоштадот „Александар“ фрлале шишиња и камења кон нив еден час по завршувањето на протестот, и покрај полициските наредби да се разотидат.
Во соопштението се додава дека уште 28 полицајци се здобиле со полесни повреди во помали судири.
Протести вчера се одржаа и во други градови во Европа, како и во САД.